На предлог на градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, за заслужен граѓанин за идната година советниците на општината денеска го изгласале Бранко Огњановски, познат како Миле Паника.

Како што соопштува општината на својата официјална веб страна, Огњановски освен што е долгогодшен граѓанин на Карпош, тој е и еден од најафирмираните сатиричари кај нас.

Инаку, на истата седница, Советот на општина Карпош го изгласа буџетот за следната година во износ од околу 911 милиони денари, или приближно 14,8 милиони евра, што во споредба со последниот ребалансиран буџет е покус за 477,6 милиони денари или 7,7 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.