Мила Царовска, министерката за труд и социјална политика денеска на „Школа“ во Градскиот парк во Скопје каде што заврши маршот на „Парадата на гордоста“ порача дека Владата сака овие маргинализирани групи да ги направи видливи. Тоа ќе го стори и го прави со измена на законите во последните две години што ги засегаат ЛГБТ заедницата, но и со намерата тие да се применат.

 

На бината со Царовска беше и Каја Мор, трансродово лице од Чикаго, родено во Струга. Мор ги поздрави учесниците на „Парадата на гордоста“ во фустан и елементи од струшка народна носија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.