Не може овој објект кој се градеше со парите на граѓаните, сега да се продава“, рече советникот од ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје Михајло Маневски, откако градоначалникот Петре Шилегов денеска на дневен ред ја стави точката за продажба на Градска куќа.

Сите советници од ВМРО ДПМНЕ и од опозицијата кои се членови со Советот во Град Скопје денеска ја напуштиле седницата на која што Шилегов вонредно, на дневен ред ја вметнал и точката за оттуѓување на Градска куќа.

Ова е еден ултиматум кој го поставува градоначалникот, а се предлага како дополнителна точка. Во материјалот што го добивме стои само дека немало доволно простор, а нема информации колку простории има, каков е објектот, дали е опремен, изјави Маневски, објави СДК.мк. 

Градоначалникот Петре Шилегов пред советниците од СДСМ и коалицијата кои останаа на седницата кажа дека во објектот, кој почна да го гради минатото раководство, нема место за сите вработени, туку само за 350.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.