Не се става на референдум прашање кое ти било програмско ветување и кое во три години си го злоупотребил како ветување еден куп пати, му порача активистот Ивор Мицковски на скопскиот градоначалник Петре Шилегов, кој на денешниот брифинг рече дека има три проекти за Универзална сала и три опции за тоа што ќе се гради, па ако треба ќе има и референдум по ова прашање.

Првата опција е да се гради нова сала на постојната локација, втората на нова ликација и последната за реставрација на постојната и изградба на нова мултимедијална сала на нова локација. Јас лично би сакал да се реализира третата опција. Со тоа, Универзална во постојната големина би останала, а Скопје би добил нов објект во кој би биле сместени и други културни институции како Театарот за деца и млади, Танец, а би имало и конгресен центар. Јас овие идеи ги отворам, за нив да се произнесе и Владата, стручната јавност но и граѓаните. Ако треба, ќе имаме и референдум за ова прашање, рече Шилегов.

На ова Мицковски му порачува – Си добил гласови, си бил избран, на база и на тоа ветување.

Распишување референдум на таква тема е тешко срање и непотребен трошок, односно е немање храброст да го спроведеш тоа што си го ветил и ветувал со години.
Дополнителен проблем е што испаѓа селективно референдумското изјаснување, за едно прашање да го има, а за безброј други да го нема.
Преземете си одговорност за сопствените програмски определби и ветувања за кои веќе сте добиле консензус и мнозинство гласови, пишува тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.