Ивор Мицковски, поранешен член на СДСМ и жесток критичар на власта, го опоменува скопскиот градоначалник Петре Шилегов дека наместо да сработи нешто, тој се вози со тротинет низ градот.

„Па ако треба 65 километри да пројдеш на тротинет, а си градоначалник, наместо нешто да сработиш дента, ти се возикаш низ градскава депонија. Ако возел со просечна брзина од 20 км на час, значи дека потрошил 3 часа и 15 минути на возикање.
Порано за ваквите се викаше – точак“, пишува Мицковски на својот профил на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.