Детските градинки ќе ги направиме. Тоа не се проекти ниту на ВМРО-ДПМНЕ, ниту на СДСМ, тоа се проекти на граѓаните на Гази Баба. Но, не сум сигурен дека Министерството ќе даде одобрение за вработување на кадар кој ќе ги воспитува нашите деца, се заложи денеска од Гази Баба претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Убеден сум и доколку оваа корумпирана и криминална власт не се издигне над партиските интереси дека Општината од сопствени средства ќе обезбеди вработувања на соодветен и лиценциран воспитувачки и образовен кадар во градинките. И повеќе нема да има деца на листите за чекање во Гази Баба, рече Мицкоски.

Мицкоски зборуваше и за партизираните институции, една од главните причини заради кои опозицијата инсистира на предвремени избори.

Проблемот е што имаме партизирани институции, партизирани министерства и многу лоши министри и членови на кабинетот на Ковачевски. И затоа ние бараме да има предвремени парламентарни избори за да може Владата и локалната самоуправа да ги реализираат проектите непречено наместо да договараат тендери во четири очи и да го крадат народот како што тоа го прави оваа Влада.


Освен градинки, Мицкоски најави уште проекти во Гази Баба. Улиците, комунална инфраструктура, фекална и атмосферска канализација, водоводи, спортски сали итн.

Се работи насекаде во Македонија, промените се чувствуваат. ВМРО-ДПМНЕ е помеѓу народот и така ќе продолжи, ние сме народна партија и нашето место е овдека помеѓу народот. А, јас сум тука заедно со градоопштина газначалниците секогаш кога е тоа потребно и секогаш кога ќе треба поддршка и од мене но и од структурата на партијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.