Внесувањето на луѓе од потесното семејство на Арсовска во изборната кампања ја покажува бедата на Шилегов и нивото на кампања кое тој го води, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, тоа е последица на фактот што Шилегов нема одговор на прашањата како стигна до имот од неколку милиони евра:

1. Луксузна хациенда од 300 м2 во Маврово;

2. Зграда со два ката дивоградба во Карпош;

3. Стан во Скопје од 68м2;

4. Стан во Скопје од 64м2;

5. Стан во Скопје од 72м2;

6. Стан во Скопје од 87м2;

7. Накит од благородни метали во вредност од 8.000.000 денари;

8. Уметнички и колекционерски предмети во вредност од 3.000.000 денари;

9. Удели во две фирми;

10. Парични средства во висина од 8.538.000 денари;

11. Две луксузни возила Ауди кои не ги пријавил во анкетниот лист.

Двата непријавиени луксузни автомобили, хациендата во Маврово и доградбата дивоградба на зградата во Карпош Шилегов ги направил од позиција на градоначалник и треба да одговори од каде ги стекнал тие пари!

Тие уште еднаш ја повикаа ДКСК да постапи во однос на случајот со Шилегов и да отвори постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.