Зимската служба на општина Карпош и утринава интензивно работи на расчистување на снегот во сите урбани заедници. Се користи механизација која истура сол за да го олесни движењето на граѓаните.

Исто така, 30 работници од општинската комуналната служба работат на расчистување на снегот пред пофреквентните зони (детски градинки, основни училишта, маркети, аптеки).

Иако од локалната власт велат дека интензивно се работи, сепак, грѓаните текот на во вчерашниот ден беа со различен став.

Првенствено, механизацијата истура сол по повисоките населби: Жданец, Трнодол, Бардовци, Нерези и долж улицата „Ловќенска“ (Козле).

Локалната самоуправа алармира до сите граѓани да користат зимска опрема и да бидат одговорни учесници во сообраќајот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.