Мечето Теди од Зоолошката градина во Штип ќе оди на ресоцијализација во резерват во Швајцарија или во Бугарија, во кој ќе се дружи со други мечки како него. Активистката за заштита на животни и портпаролка на скопската Зоолошка градина Тина Мицковска вети дека ова е последната фотографија на која тој ќе биде тажен.

По неколкумесечната битка со ветерници, конечно ми е одобрено, „4 Paws“ и фондацијата на „Брижит Бардо“ да го земат во резерват кој се простира на 150.000 м2 и каде што има и други мечиња како него кои се на ресоцијализација и добиле шанса за подобар живот. За околу 10 дена, Теди доаѓа да го прегледа еден од најдобрите светски ветеринари за диви животни од Германија, а потоа забрзано ги подготвуваме документите и транспортот. Следна фотографија која ќе ја ставам, ќе биде од прегледот, а наредната по таа – Теди и јас насмеани во пространа зелена шума, пишува Мицковска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.