Спомен плочата на Мара Бунева на скопскиот кеј спроти хотелот Холидеј ин остана нечепната.

Градоначалникот Петре Шилегов избегна несакана реакција од страна на македонските Бугари, што можеше да доведе до ново заострување во ионака тензичните односи, по бугарското вето за почеток на пристапните преговори на Македонија за членство во ЕУ.

Горните плочи на реновираниот кеј се сменети од двете страни на спомен-плочите на Мара Бунева, и мермерната, што е поткршена, и металната. Двете остануваат на старата плоча на кејот и сега се наоѓаат како во мала вдлабнатина.

Поставувањето на плочите кон крајот на 20 и почетокот на 21 век беше предмет на политички пресметки, па и физички инциденти.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.