Фан страната „Го сакам Водно“ објави пост на Фејсбук во кој пишуваат дека градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов и заменик министерот за животна средина Јани Макрадули ги изиграле невладините организации вклучувајќи го и „Го сакам Водно“.

-Тресла се гора-родио се миш.

На толку дебати, состаноци и средби, и средства на даночните обврзници дадени за експерти и дневници, работните групи кои се зaдолжени за изработка на овие закони ни даваат старо-нов закон за Водно, без битни промени, и буквално препишан од пред 40 години.

Ова сега што се промовира како Закон за Водно е далеку од оној lex specialis кој што беше најавуван од страна на градоначалникот Шилегов.

Мора да напоменеме дека до сега не сме биле дел од ниту една од средбите на работните групи, ниту сме биле поканети да учествуваме, ниту ни е познато дали некој од граѓанскиот сектор учествувал.

Од она што го кажува заменик министерот Јани Макрадули, законот за Водно повторно предвидува зони на делување, како и оној од 1976 (потврден 1991). Особено не загрижува следнава изјава:

„Зонирањето е завршено и се навдевам законот брзо ќе дојде во владина процедура. Истото ќе важи и за Водно. Ќе постојат заштитени зони во кои нема да може ношто да се прави, додека во други ќе може да се интервенира за рекреација и за објекти.“

Токму тие „рекреација и објекти“, најчесто имаат широко толкување и се злоупотребуваат, и прават ден за ден да го губиме Водно. На Водно не му се потребни нови содржини и измислици! Потребна му е заштита!, стои во нивниот пост на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.