Граѓаните го направија вистинскиот избор во 2017 година, ќе го направат и сега зашто во Социјалдемократскиот сојуз ги препознаваат слободата, сигурноста, напредокот и грижата за секој. За четири години направивме повеќедециниски скок, решивме прашања кои изгледаа нерешливи, зашто ни беше важна државата и просперитетот на граѓаните. Ни треба вашата поддршка за да продолжиме напред во реализацијата на многу започнати и нови проекти во општина Ѓорче Петров, рече заменик претседателката на Социјалдемократскиот сојуз Сања Лукаревска.

Нема поголема неправда за граѓаните, во центарот на Скопје да истурите 700 милиони евра за барок и стиропор, а да оставите градови и села без канализација, без вода, без асфалт, без градинки, со руинирани училишта, со неопремени здравствени установи. Со подршка на Владата во општина Ѓорче Петров се планира изградба на нова детска градинка со капацитет над 150 деца. Во план е уредување на речното корито и кеј на реката Лепенец, изградба и проширување на водоводната мрежа, обновување на уличното осветлување, изградба на Младински центар, базен, спортска сала, реконструкција на 18 сервисни улици и на тротоари, нови детски игралишта. Социјалдемократскиот сојуз го гради концептот Едно општество за сите, верува во него, зашто нашата сила е во заедништвото, зашто само така можеме да живееме слободно, сигурно и да одиме напред. Затоа да му дадеме шанса на Ѓорче Петров да се развива, да ги продолжиме проектите, да започнеме нови инвестиции, Социјалдемократскиот сојуз има план, знае како, Социјалдемократскиот сојуз и коалицијата го имаат Најдоброто за Ѓорче Петров, Александар Наумовски за градоначалник и советничката листа предводена од Илија Спасовски, победата и овој пат ќе биде наша, порача Лукаревска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.