Редовните контроли на терен за мерење бучава од гласна музика од угостителски објекти од страна на овластените инспектори за животна средина од Секторот за инспекциски работи на Општина Центар се одвиваат во континуитет, секој викенд од месец јули, во соработка со стручните лица од овластената лабораторија за животна средина „Еуромак контрол“.

Во текот на изминатите два викенди, по спроведените акции во реонот на Дебар Маало и Кеј 13 Ноември и мерењета на бучава од локалите, решенија за преземање на мерки за намалување на вредноста на имисионото ниво на бучава во животната средина добија локалите „Инста кафе“, како најгласен во реонот и „Каса Кубана“, на кеј. По добиените решенија, угостителите имаат законски рок од 8 дена да постапат по истите.

Усна опомена за почитување на граничните вредности за бучава добија локалите „Папилон“, „Локал 45“ и „Харт бар“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.