Љупчо Ѓурчиновски, дипломец на Факултетот за безбедност и полицаец со стаж повеќе од 21 година е нов командир на полициската станица – Центар.

На вчерашната 59-та седница, покрај останатите точки на дневниот ред на Советот на Општина Центар, беше и изборот на нов командир на Полициската станица од општа надлежност „Центар“.

Советниците имаа можност да бираат меѓу три кандидати, предложени од Министерството за внатрешни работи, од кои како најдобар кандидат беше избран Љупчо Ѓурчиновски, дипломец на Факултетот за безбедност и полицаец со стаж повеќе од 21 година – соопштија од Општината.

Ѓурчиновски доаѓа на местото на досегашниот командир на ПС „Центар“, Милисав Милијевиќ.

За командир на Полициска станица од општа надлежност согласно членот 24 од Законот за полиција, може да биде избрано лице кое покрај општите услови за засновање на работен однос во полицијата предвидени со овој закон, треба да има завршено соодветно високо образование и да има работно искуство во полиција од најмалку шест години – наведуваат од Општината.

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, на новиот командир на ПС „Центар“, му посакува успех во работењето и продолжување на досегашната успешна и плодна соработка помеѓу полицијата и општината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.