Граѓаните кои живеат на територијата на Град Скопје, согласно констатираната состојба на зголемено аплицирање за лични документи, имајќи го во предвид фактот дека следува и период на годишни одмори, воведува ново работно време во седиштето на Одделението за управни работи во Скопје  како и во неколку дисперзирани канцеларии на ниво на Град Скопје со цел да им  овозможи на граѓаните навремен и  ефикасен пристап  до правото да поднесат барање за издавање на лични документи, соопшти МВР.

За таа цел започнувајќи од  утре, 28.05,  секој работен ден од понеделник до петок , работното време во седиштето на  Одделението за управни работи Скопје  во МТВ  како и дисперзираните канцеларии во „Беко“ и „Ѓорче Петров“ ќе биде со почеток од 7:30 часот до 20 часот, додека во дисперзираните канцеларии за управни работи  во „Бутел“ и  „Драчево“ работното време од понеделник до петок ќе биде од 10 до 18 часот, соопштија од Министерството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.