Шилегов треба да објасни како  дал пари и одобрил да во зоолошка градина се изгради куќа за пингвини од 360.000 евра,  а 350.000 чини куќа од 400 квадрати комплетно наместена, вели за „Заспиј ако можеш“ на Алфа, новинарот Драган Павловиќ Латас.

Латас истакна дека не може некој да не убеди дека таа куќа чини 350.000 евра и истите пари ги даваш за тоа кога немаш пари за вакцини, и немаш амбулантно возило и во сред епидемија немаш набавено ниту еден респиратор.

– Коце Трајановски позади него има булевари, улици, водоводи, канализации, стадиони, во двата мандати, а со што ќе излезе Шилегов, нема ништо направено освен куќата за пингвини за која земале пари со директорот на зоолошка да ги поделат меѓу себе, потенцираше Латас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.