Ѓорче Петров добива нови рекреативни зони, соопшти градоначалникот на општината, Александар Стојкоски.
Тој ги информира жителите на општината дека е завршено мапирањето на велосипедската и пешачката патека во Кучково.

Жителите на општината и градот Скопје добиваат одлично урбанизирано место за спорт и рекреација во најубавиот туристичко-планински предел во општина Ѓорче Петров, се пофали гордиот градоначалник.

Инвестицијата е на Бирото за регионален развој при Министерството за локална самоуправа и на општина Ѓорче Петров, а постапката ја спроведуваше Центарот за развој на скопскиот плански регион.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.