Вчера во 23.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Б.Б.(31) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 19.30 часот на кејот на реката Вардар во Ѓорче Петров неговиот малолетен син, додека се движел со неговата мајка, бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.

Истиот ден во 14.15 часот во Полициската станица Гази Баба, М.П.(79) од Скопје пријавил дека на 14.06.2019 година во 21.00 час на ул. „Јани  Лукровски“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.