Општинска организација на Црвен крст од Центар во соработка со Институтот за трансфузиска медицина денеска, по 19. пат, организира крводарителска акција по повод верскиот празник Успение на Пресвета Богородица.

Крводарителската акција се одржuво во Домот на Армијата, од 09:00 до 17:00 часот.

Целта на акцијата е да се обезбедат поголеми количини на крв во летниот период, заради можностите од недостаток на крв и крвни деривати. Оваа акција, веќе 18 години покажува резултати на голема хуманост на граѓаните на град Скопје. Почнувајќи со 146 во 2003 година, денес по 18 реализирани акции се зборува за вкупна бројка од 4041 единици крв или во просек 225 крводарители по акција – велат организаторите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.