Во среда на 14 октомври во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи крводарителска акција.

Крводарувањето ќе се спроведе во периодот од 9-14 часот, а крв можат да даруваат сите заинтересирани граѓани.

При изведување на акцијата ќе се почитуваат сите мерки за заштита од Ковид-19.

Крводарителската акција е во организација на Црвен Крст на Македонија – Општинска Организација Кисела Вода и Институтот за трансфузиона медицина во соработка со Општина Аеродром.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.