Факт е дека поголемиот дел од членството на Социјалдемократскиот сојуз и тоа едно интелектуално крило што е во Социјалдемократскиот сојуз и е потребно на Република Македонија и на самата партија не се согласува со криминалните политики на сегашното раководство – нагласи Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во утринската програма на Алфа телевизија.

Ковачки додаде дека Зоран Заев веќе го изгуби Скопје. ВМРО-ДПМНЕ е 5:0 во Скопје и тоа во првиот круг. Зоран Заев ќе го изгуби и Центар, ќе го изгуби и Карпош. Тоа се општините каде што ВМРО-ДПМНЕ ќе победи.

Зоран Заев ќе го изгуби градот Скопје. А, независната кандидатка Данела Арсовска води со 8.000 гласови пред Петре Шилегов. Очекуваме двојна победа, значи двојна разлика во вториот круг. Така да, тој веќе го има изгубено градот Скопје и комплетно сите општини во Скопје. И сега има тука една работа што веројатно ја знае тој како поранешен градоначалник и пак викам се обидува вешто да ја избегне и да манипулира со граѓаните и јавноста, дека доколку се изгуби градот Скопје истиот нема да функционира. Мислам дека треба малце да се потсети дека општините во градот Скопје и градот Скопје функционираат на еден начин, државата односно централната власт функционира малку на подруг начин – рече Ковачки.

Ковачки посочи дека не може да се случи Заев да прави опструкции. А, доколку тој прави опструкции тогаш тој на кого е премиер. Заев е зар премиер само на Социјалдемократскиот сојуз, на кого е? Значи тие се наши граѓани без разлика од која структура доаѓаат, дали доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ, дали доаѓаат од Алијанса итн.

Ние кога ќе ја преземеме централната власт на централно ниво, тоа не значи дека општините кои ги има СДСМ дека нема да соработуваме со нив, таман работа тоа се наши граѓани. Власта освојува мандат за водење на владата, за да правите добро на граѓаните, не само за себе. Во моментов Зоран Заев токму тоа го прави, тој си гледа значи само за себе, како тој да остане на власт, и така ги плаши граѓаните – истакна Ковачки.

Ковачки укажа дека Зоран Заев знае што следи кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт, а тоа е одговорност за сите негови криминали. Градот Скопје е изгубен за СДСМ, а ВМРО-ДПМНЕ треба да слави победа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.