За миленичињата на нашите центарци предвидуваме нови мини паркови каде ќе можат да ги прошетаат. Дополнително ќе субвенционираме кастрација, стерилизација и микрочип во вредност од 50% од вкупните трошоци, најави Наташа Котлар, кандидатка за градоначалник на општина Центар.

– Ќе воспоставиме соработка со ветеринари на принцип на ваучер
– Ќе ја зголемиме соработката со Здруженијата кои се занимаваат со заштита на животните
– Ќе организираме денови на вдомување на животните. За Центар со душа, вели Котлар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.