За првпат во Центар ќе формираме центар за ментално здравје со дневен претстој за деца со попреченост, аутизам, Даунов синдром и друго, ова денеска преку изјава за медиумите го истакнува кандидатот за градоначалник на Центар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Наташа Котлар.

Во центарот ќе се вработат дефектолози, педагози, психијатри и негователи. Целта е децата да напредуваат и да се интегрираат во општеството. Ќе изградиме четири нови градинки со опфат од околу 600-тини деца и тоа во Пролет, Маџир маало, Дебар маало и Капиштец. Ќе организираме и зелено училиште за учење во природа. Се грижиме за најмладите! За Центар со душа, вели Котлар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.