Само кај нас луѓето одат по коловози, а на тротоарите се возилата и затоа ќе ги ослободиме тротоарите од возила, етапно и паралелно со решавање на паркирањето, вели кандидатот за градоначалник во Општина Центар, Наташа Котлар.

Ќе ја прошириме пешачката зона околу плоштадот ,,Македонија”, ќе направиме сврзна, проширена и безбедна велосипедска мрежа, велосипедски паркинг во секое училиште и установа, систем за изнајмување на велосипеди, ден без автомобили – во чекор со најдобрите светски практики, посочува Котлар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.