Кандидатката за градоначланичка на Центар, Наташа Котлар, најави голем број проекти и активности за намалување на загадувањето.

– Ветувам дрворед на секоја улица и зелени оази наместо бетон

– Ќе ги лоцираме загадувачите и низ акционен план ќе ги елиминираме, ќе водиме бескомромисна казнена политика за загадувачите

– Ќе има ден без автомобили, што е светска практика

– Отпадот ќе се депонира и селектира со современи технологии

– Ќе поставиме автоматизирани јавни тоалети

– Редовно ќе го пошумуваме Водно

– Во мојот мандат нема да издадеме одобрение за градба на згради на Водно

За зелен и чист Центар! – порача Котлар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.