Котлар прашува: Зошто Герасимовски и Општината кријат дека во ООУ Димитар Миладинов нема настава поради поплава ?

Скопје 26.10.2021 / 20:02

На сите ТВ дуели и дебати досега мојот противкандидат Горан Герасимовски доаѓаше со сервирани информации и податоци од Општината, стои во Фејсбук статусот на кандидатот за градоначалник на општина Центар, Наташа Котлар.

Таа прашува зошто цели два дена и Герасимовски и Општината кријат од јавноста дека во ООУ Димитар Миладинов нема настава поради поплава од фекални води низ два ката на училиштето?

– Овие податоци не се вредни за јавноста или на површина ги исфрлаат сите фекалии на лошото управување со училиштата изминативе 8 години, пишува таа во објавата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.