ЗАДОВОЛНИТЕ ЛИЦА НА ГРАЃАНИТЕ СЕ НАШИОТ НАЈГОЛЕМ МОТИВ

Денес во Љуботен дадениот збор кон аџија Зејнула, аџија Селим, Расим, Самет, Мухамет но и кон сите граѓани на оваа улица се реализираше. Во најбрзо време пред почетокот на Рамазанските пости ги асфалтиравме улиците кои што им ги ветивме на граѓаните.

Решаваме деценски проблем, нема повеќе заборавени граѓани на општина Бутел
Со денешното асфалтирање за прв пат е поставен асфалт на краците на улица 5. Ова се краци кои се наоѓа во населеното место Љуботен.
Во наредниот период ќе се проектираат останатите улици кои заедно со жителите на Љуботен ги договоровме како приоритет за ова населено место.
Во изминатиот период се асфалтираа неколку улици кој се опфатени во првата фаза, а продолжуваме со асфалтирање и во наредните денови.
Се подобрува патната мрежа во сите населени места, а приоритет добија оние места каде што до сега никогаш немало асфалт.
Градежнто офанзива се одвива со силна динамика. Запазени се сите рокови и ветувањата кон граѓаните.
Еднаков и рамномерен развој на сите населени места, напиша на својот фејсбук профил градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.