Професорот Христијан Мицкоски покажа дека е на линија на Македонија, стоејки цврсто позади граѓаните, смета Дарко Костовски од ВМРО ДПМНЕ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ понуди вистински мерки за справување со кризата, за жал суетата и надменоста на ненародната власт ги спречуваат реално да ја согледаат состојбата и да ги спроведат понудените стручно анализирани мерки.

За разлика од пред некој ден кога во Заев гледавме исплашен и изгубен човек кој не знае што сака, ниту пак знае како да и помогне на државата, вчера професорот Мицкоски покажа цврстина и искреност со цел да не собира политички поени туку безусловно да и помогне на Македонија кога е најтешко.

Секогаш на линија на Македонија, напиша Костовски на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.