Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски на социјалните мрежи ја сподели приказната за Николче, уличен хигиеничар од Бутел, татко на три деца, кој пред неколку години бил избркан од работа.

Ова е мојот херој !
Николче работеше како уличен хигиеничар во општина Бутел, тој пред неколку години беше избркан од работа без некое посебно објаснување.
Николче е еден од најчесните и највредни луѓе кои што сум ги запознал во мојот живот, патриот кој искрено си ја сака својата држава. Николче е татко на три дечиња.
Николче на оваа убава празнична вечер е вратен на работа, тој доби договор за вработување на неопределено време како чувар во општина Бутел, убеден сум дека професионално, чесно и одговорно ќе си ја обавува својата работна задача.
Со среќа јунак. – напиша Костовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.