Градоначалникот на Бутел Дарко Косотвски е одлучен да запрат инцидентите во автобусите, кои директно го загрозуваат животот на жителите на Радишани и Бутел. Оваа негова реакција е испровоцирана од вчерашниот настан во автобусот 57, кој минува и низ општина Чаир, каде што и дошло до инцидент.

Како градоначалник на општина Бутел лично од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски барам брзо, остро, и без никакво заташкување да реши овој проблем, додека не е предоцна.

Остро ги осудувам сите кукавички напади врз мирни млади деца кои дома ги воспитуваат дека насилството како опција не постои и треба да се остави во 19 век.

Не сакам да верувам дека овие чинови имаат било каква позадина, и затоа велам насилството раѓа насилство и од таму сите надлежни органи ги повикувам да реагираат веднаш, повика Костовски најави дека ќе организира тркалезна маса на која ќе бидат повикани челниците на МВР, лидерите на верските заедници и претавници на загрижените родители.

Доколку е потребно ќе формираме посебно тело за решение на оваа загржувачка ситуација, порачува Костовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.