Скопските картички, со кои студентите се возат во автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје (ЈСП), важат до 28 февруари. Но, и покрај ваквата одлука, која е јавно објавена на веб-страницата на претпријатието, студенти реагираат дека контролори во автобусите им пишуваат казни. Во претпријатието велат дека ќе им бидат вратени парите на сите студенти кои се неправедно казнети, пишува „Факултети.мк“.

Раководството на Универзитетското студентско собрание (УСС) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ побарало од ЈСП и да се одложи продолжувањето на билетот зашто поради актуелната ситуација со Ковид-19, голем број студенти на одредени факултети не можат да ја обезбедат потребната документација за продолжување на важноста на билетот.

Целиот текст прочитајте го тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.