На фејсбук се појави шеговит настан „Колективно палење на СЈО маичките на плоштад“, за кој корисниците на социјалната мрежа искажуваат голем интерес како што беа заинтересирани и за првиот дел од проектот СЈО – сериозниот настан Шарена револуција.

Поради зголеменото ниво на слобода кај обвинетите во предметите на СЈО предлагаме да се собереме сите заеднички и да ги спалиме маичките со логото од СЈО.

Врвни научници потврдија дека чадот од истите нема дополнително да го загади воздухот, стои во поканата од организаторот.

Главно, учесници на „забавата“, како што стои во описот на настанот, се разочарани шарени. Специјален гостин ќе бил министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Настанот започна на 27 декември, а ќе трае до 31 декември во 15 часот.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.