За овие споменици Петре Шилегов кажа дека ќе ги однесе во депонија. Оние кои ја основаа нашата татковина и се бореа за нејзе, како Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Христо Татарчев, Христо Батанџиев, Андон Димитров, Методиј Андонов Ченто, Панко Брашнаров, Михајло Апостолски, Емануел Чучков, Киро Глигоров, Кузман Јосифовски Питу, како и Бранителите од нашата понова историја. Ова е скандалозно и е чин на предавство, но и продолжение на квинслишката политика на Зоран Заев кој откако се откажа од името, сега се откажува од идентитетот и придавката македонски – вели Светлана Колариќ, од ВМРО-ДПМНЕ

Таа додава дека денеска овие споменици за кои Шилегов смета дека треба да се во депонија, а Заев гази врз коските, ние ги обележуваме со македонското знаме. Овие луѓе се бореа за нашата слобода.

-Скопје секогаш бил антифашистички град и град кој ја цени слободата, бидејќи знае како се доаѓа до неа, преку пот, солзи и многу крв. Скопје ја платило цената за слободата и нема да се откаже од истата. Скопје ги цени придобивките од антифашистичката борба. Овие луѓе како Заев и Шилегов ќе заминат, но Македонија ќе остане, останува идентитетот, јазикот и историјата. Тие не може и не смеат да се менуваат. Спомениците како овие овде, се потсетник за сите кои ја дале жртвата за нашата слобода, да не потсеќаат сите, но и да служат како водилка за сите идни генерации да знаат како е изградена нашата држава, но и како е платена нашата слобода. Сеќавањето за сите херои ќе останат, но наскоро Заев и неговите политичари ќе заминат на политичка депонија – изјави Колариќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.