Шимпанзото Коко, кое пред 10 години беше испратено на рехабилитација во Холандија, деновиве се врати во својот дом во Скопје. Таму, го пречека неговиот стар другар, Драган, кого Коко веднаш го препозна.

Емотивен момент. 10 години подоцна се сретнаа двајцата верни другари. Тогаш, Драган беше еден од луѓето кои инсистираа Коко да замине на ресоцијализација, иако силно приврзан за него. Денес, Коко веднаш го препозна Драган. Се израдува како мало дете. Додуша и двајцата се израдуваа. Ние плачевме. Навистина е многу емотивно кога ќе видиш колку животните знаат да дадат љубов и ги памтат оние кои ги сакале, пренесе портпаролот на скопската ЗОО, Тина Мицковска.

Со Коко од Холандија пристигнаа и Мими, Роси и Хјасл.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.