Кандидатката за градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, е македонска економистка, активистка, политичарка, во 2014 година е избрана за претседател на Македонските стопански комори – сојуз на национални стопански комори, промовирајќи економска соработка на национално и меѓународно ниво, врз основа на принципите на слободна трговија и фер конкуренција. Арсовска беше назначена за претседател на Македонската унија на организации на работодавачи во 2015 година.

На национално ниво, Арсовска е претставник во Собранието на Република Македонија, Национален совет за европска интеграција од 2016 година. Таа е член и на Советот за јавно приватно партнерство во Владата на Република Македонија.

Но, која е Данела Арсовска на приватен план.

Мајка, сопруга, ќерка, сестра. Моите пријатели велат дека сум човек на кој може да се потпрат, човек што кога нешто ќе вети тоа го исполнува. Упорна сум и откажувањето не е опција за мене, ниту во работата ниту во приватниот живот. Живеам за предизвици. Не сакам да слушам изговори и не давам изговори дека нешто не може да се направи, сакам работите да се завршат.

 

Пред се сум семејна личност – мојот син и мојот сопруг се мојата среќа, мојот дом и мојата поддршка. Сме поминале и добри денови, но и тешки времиња во борба за добро здравје и во борба за живот, а тоа нè прави уште посилни. Велат дека сум борец. А јас велам, во животот секој се соочува со свои битки што треба да се добијат! – вели Арсовска за себе.

Арсовска со сопругот и синот кои и се најголемата поддршка!

Арсовска има диплома по право на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Има магистратура по економија и извршно образование од Универзитетот во Оксфорд и Универзитетот во Шефилд. Таа држи низа академски и консултантски позиции во Македонија и на меѓународно ниво и држела предавања за развојни теми на универзитети и конференции.

Арсовска течно зборува македонски, англиски, германски јазик, а зборува и бугарски и српски јазик.

Арсовска има неколку позиции на високо ниво во меѓународни меѓувладини организации и исто така има низа експертски позиции. Таа служи на панелот при Светската банка ICSID во Вашингтон, САД од 2016 година. Во 2017 година беше назначена за членка на Судот во Судот за помирување и арбитража на ОБСЕ во Женева, Швајцарија, а исто така од 2017 година е и член на Судот на Постојаниот арбитражен суд во Хаг, Холандија. Арсовска е македонски претставник во Меѓународната стопанска комора (МКС) и избрана членка на Генералниот совет во Светската федерација на комори.

Како признание за нејзината работа, во 2018 година Светскиот инвестициски форум за деловни ангели ја додели Арсовска како „Најдобар модел на деловна жена во Југоисточна Европа“. Во 2019 година на 6-тиот Самит на претприемачи од Централна и Југоисточна Европа, Арсовска беше наградена со Признание за нејзиниот посебен придонес во развојот на претприемништвото.

Во 2020 година Арсовска беше наградена со сертификат за заслуга од Кунио Микурија, генерален секретар на Светската царинска организација, како признание за нејзиниот придонес во развојот на царината. Признанието го врачи генералниот директор на македонската царинска управа.

Во пресрет на локалните избори во Македонија 2021 година, Данела Арсовска ја објави својата кандитатура како независна кандидатка за градоначалник на Скопје. Во брз рок го исполни условот за кандидатура, собирајки ги потребните гласови за кандидатурата. Зад независната кандитатурата за градоначалник, доби подршка од најголемата опозициска партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери од албанскиот политички блок, Алианса за Албанците и Алтернатива, како и од голем број на познати скопски интелектуалци, уметници и видни граѓани.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.