Со изјавата дека парите не оделе прво на сметка на „Армор плус“, туку на унгарската „Хороскоп“, Петре Шилегов самиот ја разоткрива шематапреку која пари стигнуваат и до „Армор плус“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Шилегов треба да знае дека не значи дека не е криминал ако фирмата на зетот на десната рака на Шилегов не се јавува како директен учесник во постапка, туку како фирма која ќе се наплати од тендерските пари.Треба да се утврди која била улогата на Аврамовска Мадиќ во и околу постапката од која пари доаѓаат и до фирмата на нејзиниот зет. „Армор плус“ на зетот на десната рака на Шилегов, Аврамовска Мадиќ – новиот Рашковски е фирма кај која треба да завршат дел од парите од набавката. Шилегов да каже дали разликата во цени помеѓу загрепската скала и таа која ја набавува тој, ќе заврши токму на сметка на „Армор плус“? А, не дали директно или не. Без разлика и по колку патишта да вртат парите на скопјани исто така неспорен е фактот дека скопјани плаќаат една скала по цена на две. ЈО, не само ДКСК да отвори предмет и да го расчисти случајот, Шилегов сам почна да ја открива шемата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Шилегов останува на ставот Антикорупциска да го истражи случајот. Тврди дека опозицијата манипулира со цената. Скалата не била идентична со онаа на загребската служба, а  фирмата Армор плус   која е во сопственост на зетот на секретарот во Град Скопје не ја набавила, туку била задолжена за оддржување и сервисирање на опремата, објасни Шилегов на брифинг.

Производителот ја одбра оваа фирма бидејќи е единствен овластен застапник за одржување на ваков вид опрема во земјава. Дополнително за оддржување на друг дел од опремата ќе се грижи српска фирма. Нема конфликт на интереси, бидејќи сопственикот на Армор плус не учествуваше во ниту еден дел од постапката. Парите согласно договорот ќе ги добие ги унгарската фирма од каде и е купена опремата. Дадовме 20 проценти аванс. ВМРО-ДПМНЕ се лажговци и манипулатори. Ќе се изнаслушаме глупости во предизборието, вели Шилегов.

Опозицијата и денеска со обвинувања за набавка на скалите. Од партијата тврдат дека 4 милиони јавни пари завршиле во фирмата на зетот на секретарот на Шилегов.

Од град Скопје велат дека од 26 постапки во изминативе 3 и пол години,  фирмата Армор плус до сега добила 2 тендери за потребите на противпожарната бригада.  Еден во 2018 година за набавка на 25 изолациони дишни апарати и во 2020  за набавка на 100 одела за шумска и техничка интервенција. Инаку опремата за потребите на противпожарната бригада се очекува да пристигне до 20-ти мај.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.