Корисниците од неколку улици во Скопје од вечерва поради дефект ќе имаат прекин во водоснабдувањето, соопшти Водовод.

Уличен дефект се случил денеска на булеварот „Илинден“ раскрсница со улица „Манапо“.
Водоснабдувањето е во прекин на улиците: „Лубланска“, „Манапо“, „Струма“, „Огражден“, „Драгиша Мишковиќ“, „Роберт Кох“, „Трифун Пановски“, „Радика“, „Карпошево Востание“, „Никола Русински“ и „Бледски Договор“.

Со намален притисок ќе биде дел од булеварот „Партизански одреди“ на потег од раскрсницата со „Љубљанска“ до раскрсницата со „Манапо“ од 20:15 часот до завршување на приклучокот.

Поради дефектот, дел од булеварот „Илинден“ од улицата „Љубљанска“ во правец на Центар до улица „Манапо“ ќе биде затворен за сообраќај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.