Зоран Давидовски е еден од настраданите во автобуската несреќа која се случи синоќа на автопатот Скопје – Тетово. Тој беше вработен во Град Скопје, а поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски се прости од својот поранешен колега.

Те испративме денеска на вечното почивалиште ама те испративме прерано драг пријателе. Изгубивме човек кој го сакаше животот, изгубивме и експерт кој неуморно работеше на сообраќајно осовременување на Скопје. Ми беше многу значаен соработник, другар и пријател. Сочувство до неговата фамилија. Почивај во мир Зоран Давидовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.