Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов во вечерашниот дуел со својот претходник Коце Трајановски на Канал 5 потврди дека во една прилика Трајановски го побарал на телефон, но тој не му одговорил.

Од овие две години, година и пол потрошив решавајќи ги проблемите кои ми ги остави господинот Трајановски. И веројатно поради тоа не се нашло време да се слушнам со него. А го немав неговиот број во именик, за јас да го побарам. Паралелено со санирање на проблемите, треба да ја спроведувате и својата кампања. Јас сум прв човек во историјата на Скопје кој е избран за градоночалник во прв круг, со седум противкандидати, рече Шилегов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.