Коалицијата Тачела составена од Ковачевски и Арсовска е виновна за блокадата на превозниците, спремаат ли пат за бугарска фирма да го земе превозот? Се користи ли ЈСП за коалициски комбинаторики, прашуваат од ВМРО ДПМНЕ

ЈСП е еден од стожерите на коалицијата на неврзаните (СДС – ДУИ – Левица).

Данела Арсовска првин го постави Александар Стојковски за директор на ЈСП. Стојковски е кадар на СДС, што се потврдува и од фотографии на кои тој е сликан во централниот штаб.

Стојковски потпишува договор за набавка на гориво вреден 27 милиони евра, и во тој договор го нема попустот од 6 денари, кој до сега бил пракса.

Со непостоењето на попуст, буџетот на ЈСП е оштетен за 1.4 милиони евра. Пари кои се доволни за да го покријат долгот кој ова претпријатие го има кон приватните превозници.

Веќе е создаден проблемот. Арсовска ги има приватните превозници на улица, а средства нема. Во меѓувреме распишува нов повик за избор на превозници, а долгот не го враќа.

Скопјани се прашуваат дали зад хаосот кој го гледаме деновиве со блокирани улици, се крие режирано сценарио за бугарска фирма да го земе превозот во Скопје?

Дали Арсовска свесно ги креираше проблемите?

Дали 6-те денари кои до сега биле попуст, завршиле како провизија?

Дали ЈСП е дел од пазарот за тајната коалиција Тачела? Што треба скопјани да трпат за Арсовска да може да владее, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.