Поради опасноста од ширење на Корона вирус во Клиниката за детски боолести, менаџментот од денска 26. февруари. 2020 година, најстрого ја забранува посетата на малите пациенти.

Ги замолуваме роднините на децата кои се хоспитализирани, да имаат разбирање за оваа одлука, да не инсистираат на влез, бидејќи здравјето и безбедноста на детето е поваќно од сè. Вратарската служба нема да допушти влез на ниту едно лице кое не е хоспитализирано со дете, се вели во соопштението на Клиниката за детски болести.

Менаџментот на Клиниката ги замолува родителите кои веќе лежат на Клиниката со своите малечки, без нужна потреба да не ја напуштаат клиниката, и да ги превземат сите мерки на заштита.

Заштитувајќи се себе се грижите за вашето дете, доаваат од Клиниката за детски болести.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.