Центарот на Скопје вечерва е преполн со луѓе. На плоштадот „Македонија“ е врвулица и се чувствува предновогодишна еуфорија. Родители со деца, млади, пензионери… Шетаат, се фотографираат, уживаат во настапите на уличните изведувачи, но, за жал не сите ги почитуваат мерките. Голем дел од оние кои излегле на плоштад да ја почувствуваат новогодишната магија не носат маски.

Доколку ова продолжи плоштадот може да се преименува во „кластер Македонија“ што сигурно никој не го посакува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.