Со користење на современа технологија и револуционерен систем за дезинфекција, ќе се санитизираат, чистат, освежат и заштитат површините на душеците во детските градинки во Центар.

Денеска, во матичниот објект на ЈУДГ ОЦ “13 Ноември“, се најавија активностите за дезинфекција и санитизација на детските и бебешките душеци во сите центарски градинки.

Со користење на современа технологија и револуционерен систем за дезинфекција, ќе се санитизираат, чистат, освежат и заштитат површините на душеците.

Започнувајќи од денеска, овие акции ќе се спроведат во трите градинки на територијата на Општина Центар: „Кочо Рацин“, „Р. Ј. Корчагин“ и “13 Ноември“ и ќе бидат опфатени останатите 11 објекти – клонови на градинките. Со оваа активност, ќе бидат дезинфицирани и санитизирани вкупно 1955 дестки и бебешки душеци“ – изјави градоначалникот Богдановиќ.

Покрај оваа мерка, која се презема како дополнителна заштита и зголемена безбедност против КОВИД-19, во Општина Центар, започнати се скрининг тестирања за воспитно-образовниот кадар и останатиот персонал во детските центарски градинки,како заштитна мерка пред донесување на Уредбата од Владата на Македонија за отворање на градинките.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.