Во пресрет на празниците, во Пунктот за бездомници на Црвен крст на Град Скопје во Момин Поток денеска ќе биде организиран традиционалниот предновогодишен ручек. На 150 бездомни лица кои редовно го посетуваат Пунктот ќе им бидат поделени хуманитарни пакети со топла облека и храна.

Пунктот за бездомници функционира 13 години и нуди повеќе услуги за лицата кои немаат свој дом. Целта е да овозможи тие да ги остварат основните човекови права и да се реинтегрираат во општеството. Финансиски е поддржан од Градот Скопје и од повеќе компании и граѓани.

Во базата на Црвениот крст на Град Скопје се регистрирани околу 250 бездомни лица, а 150 од нив неделно ги користат услугите на Пунктот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.