Град Скопје денеска ја објави програмата за вечерашниот пречек на Новата година на плоштадот Македонија. За разлика од првичната најава, сега во програмата го има и Бени Шаќири кој ќе настапи од 22:30 до 23:30 часот.

Скопјани, вечерва од  20:30 часот дојдете на плоштадот „Македонија“ и се македонски изведувачи дочекајте ја Новата 2022 година на плоштадот „Македонија“. Вечерашната забава се организира со помош на три општествено одговорни компании, кои во време на голема економска и енергетска криза помогнаа скопјани да имаат можност на плоштадот да ја дочекаат Новата година, порачаа од Град Скопје.

Програма за дочек на Новата година:

20:30-21:30 – Пука Козметика

21:30-22:30 – ДНК

22:30-23:30 – Бени и Нон Стоп

23:30-00:30 – Нокаут

00:30-01:00 – Наум Петрески и Зуица Лазова

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.