Ново изградено училиште во Општина Центар ќе почне со работа од 4 сепремви. Oколу 250 ученици од прво до петто одделение ќе учат во училиштето „Киро Глигоров“ во неселбата Капиштец.

Ова е прво новоизградено училиште од 1969 година во скопската Општина Центар.

Со изградбата на новото основно училиште, Капиштец добива образовна установа на површина од 12.000 квадратни метри за 500 ученици. Во училиштето има училници за одделенска и предметна настава, кабинети по биологија, физика, хемија, музичко и ликовно. Во склоп на училиштето во функција се и една спортска сала по ФИФА-стандарди и една гимнастичка сала. Се очекува во училиштето да работат 16 наставници по одделенска настава, наставник по физичко и наставник по англиски јазик.

Од следната учебна 2020-2021 година ќе се вработат и наставници по предметна настава, во зависност од бројот на запишани ученици, информираат од О. Центар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.