Стефан Кирков од ВМРО-ДПМНЕ, обвинува дека ЈП „Лајка“, за кое годишно од секоја општина ќе се префрлаат по 32 илади евра, функционира само ка пи-ар фасада, со оглед на тоа што во место каде што треба да се згрижуваат бездомни кучиња се вработени нестручни кадри, одгледувачи и продавачи на скапи кучиња, дресери без лиценца …

Новото партиско Јавно претпријатие на Петре Шилегов, ЈП „Лајка“ Скопје во кое од секоја Општина во Скопје годишно ќе се префрлаат по 32.000 евра, ни продава скап пи-ар платен од сите нас, во кој партиски се вработија нестручни кадри.

Пропагираат лажен морал за вдомување бездомни кучиња, а скоро сите од нив се одгледувачи на скапи кучиња, продавачи на истите, дресери без лиценца, кинолошки судии, па и самата директорка поседува и продава скапи ПУДЛИ, а тука на вам ви пропагира дека е загрижена за бездомните.

Ниту еден оттаму нема самиот вдомено кутре! Најбитно се подновија со набавки вредни 10-тици илјади евра наши и ваши пари за скап мебел, скапи лаптопи, видео апарати и сл.

И да, кампањата ЖИВОТОТ СО МИЛЕНИЦИ Е ПОУБАВ јас ја напраив во 2014 година и собрав многу донации за бездомните и кои јавно ги поделив по Скопските ветеринари. Смислете нешто ново за таа плата што ја земате! – реагира Кирков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.