Дечки, Кемал СК е нашиот херој од минатата ноќ! Самоиницијативно отиде пред болница и цела ноќ делеше чај и кафе на сите роднини кои беа насобрани пред болницата Ургентен центар 8 Септември во исчекување на вест за свпоте најмили. Дечково е познат хуманитарец и секогаш излегува прв за сѐ -напиша Верче Крстевска на својот фејсбук профил.

Таа вели дека Кемал вечерва повторно ќе биде таму со неговите пријатели кои му помагаат во ова несебично дело.

-Затоа ќе го замолам јавно, вечер да постави една кутија на масата каде што дели помош и сите ние да поминеме и да оставиме по некој денар. Знам дека ова го може и сам, ама не сакам да биде сам, сакам сите да му помогнеме. Дечково делеше кафиња, сокови, чаеви, гевреци… – повикува Верче.

Таа вели дека на некои од повредените состојбата е ужасна и нивните најблиски не мрдаат од пред болница. Изгубени и очајни, ноќеска го имале само Кемал се грижел за сите нив.

-Кемал еден – стана за сите нас, да застанеме вечер сите ние за него! Дечково цела ноќ беше пред болница, се до 16 часот. Вечер повторно ќе биде таму од 19 часот. Кемал ја заслужува целата наша поддршка и почит! Поминете и донирајте!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.