До 17 часот најголема излезност во Скопје на вториот круг од претседателските избори има во општините Карпош и Центар, над 47% избирачи кои го оствариле своето уставно право да гласаат. Исто така, и во првиот криг излезноста во овие две скопски општини беше највисока до 17 часот – своето право на глас го имаа остварено 43% од запишаните гласачи.

Од 53815 запишани гласачи во Карпош излегле на гласање 25.668, за разлика од првиот круг, кога гласале 23.393 избирачи.

Во Аеродром, пак, од вкуно 66185 граѓани со право на глас, на гласачките места своето право го оствариле 30.086 лица. Во првиот круг во 17 часот гласале 27148.

Осетно најмала е излезноста е во средините со главно албански гласачи. Најмногу избирачи од албанска етничка припадност излегле да гласаат во Чаир, 27,14%. И во првиот круг излезноста во Чаир од албанските општини беше највиска – 24%.

Излезност во скопските општини

Карпош 47,76%

Центар 47,28%

Кисела Вода 45,94%

Аердором 45,49%

Ѓорче Петров 44,01%

Петровец 43,26%

Илинден 42,54%

Зелениково 42,46%

Сопиште 41,66%

Гази Баба 39,99%

Бутел 38,68%

Чучер-Сандево 31,54%

Чаир 27,14%

Арачиново 26,18%

Студеничани 23,92%

Шуто Оризари 22,63%

Сарај 22,49%

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.