Уличното осветлување во скопски Карпош не функционира. Жителите од Кaрпош 1 се жалат на темните улици низ кои се движат. Единствено осветлување е светлината која доаѓа од запалените светилки во домовит од околните згради.

Гиго Михајловски, Даскал Камче, Ругер Бошковиќ се во тотален мрак. Нема никакво улично осветлување. Движењето низ улиците е вистински хорор. На булеварот Партизански одреди има осветлување, Дебар Маало исто така нема проблем со уличните светили. Но во овој реон не работи ниту една светилка. Ако имате среќа да помине автомобил, ќе ви осветли да не влезете во некој вир по улицата. Прегледност нема никаква – се жалат жителите од улиците кои се во тотален мрак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.